Connect with us

Фудбал

На повидок скандал во ФИФА, покрената истрага против претседателот

Специјалниот обвинител на Швајцарија, Стефан Келер покрена постапка против претседателот на ФИФА Џани Инфантино. Обвинителот кој на таа должност е поставен минатата недела има задача да ги истражи односите помеѓу Инфантино и државниот обвинител на Швајцарија, Михаел Лаубер, кој ја понуди својата оставка поради еден состанок од 2017-та со претседателот на ФИФА. Келер отворил истрага откако наводно пристигнале четири анонимни пријави.

Лаубер минатата недела поднесе оставка откако е откриено дека ги заташкувал деталите од состанокот со Инфантино одржани во 2016 и 2017 година поврзани со водењето истрага околу наводното купување на организацијата на СП кое се одржа во Германија во 2006-та година.