Connect with us

Фудбал

На ред е Де Јонг

Откако ги осигураа услугите на Адриен Рабио, раководните лица на каталонскиот гигант Барселона, своето внимание го насочија кон големиот талент од редовите на холандскиот прволигаш Ајакс, Френки де Јонг.

Благодарение на одличните партии кои ги прикажува во домашниот шампионат и Лигата на шампиони, офанзивниот играч за врска го привлече вниманието на сите европски гиганти. Неофицијално, репрезентативецот на Холандија ќе биде продаден на првиот клуб кој ќе испрати официјална понуда која нема да биде помала од 75 мил. евра.