Connect with us

Фудбал

На Роналдо во Саудиска Арабија му скандираат: Меси, Меси, Меси (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо и неговиот Ал Наср загубија со 3:1 од Ал Итихат во полуфиналето на Суперкупот во Саудиска Арабија со што ја загубија првата шанса за трофеј со Португалецот во тимот. Останува, секако првенството.

Но, на социјалните мрежи хит е видеото како навивачите на противничкиот тим по мечот на Роналдо, додека го напушташе теренот му скандираа: Меси, Меси, Меси… Секако на Роналдо ова не му се допадна многу.

Меси и Роналдо се „вечни ривали“, не само од времето кога играа во Барселона и Реал Мадрид, туку и воопшто каде да играат, постојано се споредуваат нивните статистики и бројки и постојано се води дебата кој е подобар.