Connect with us

Фудбал

На Салах му зборуваат да го напушти Ливерпул, а причината – чиста глупост

Мохамед Салах одигра 69 натпревари за Ливерпул, а успеа да постигне 52 голови во ресот на „Редсите“, сруши бројни рекорди и доби бројни признанија.

Египќанецот минатата сезона во Премиер лигата заврши со 32 голови и стана најдобриот стрелец во една сезона од елитниот ранг на англискиот фудбал (во формат од 38 натпревари) во историјата.

Зад Салах е и одличната сезона во која го водеше Ливерпул до финалето на Лигата на шампионите, иако кај него останува тагата за натпреварот во кој поради повреда мораше да излезезе по само половина час игра.

Одличниот Египќанец во јуни беше награден со нов договор, па сега има шанса да стане и една од најголемите легенди на Ливерпул на сите времиња, во годините кои доаѓаат.

Поради тоа коментарите на селекторот на Египет Хавиер Агире се чинат чудни. Имено, тој смета дека за Салах е подобро да го напушти Ливерпул за година или две, доколку „Редсите“ не освојат некоја титула.

Може да се каже дека Салах на Ливерпул може да му даде повеќе од една година, со оглед на тоа како игра под водство на Јирген Клоп на „Енфилд“.

„Можеби за него би било подобро да замине за сезона или две ако Ливерпул не освои ниту една титула“, порача селекторот на Египет.