Connect with us

Фудбал

На што ја потрошиле првата плата познатите фудбалери?!

Околу фудбалот, како и во многу други полуларни спортови, се вртат огромни суми на пари, но многумина забораваат една многу важна работа – Кристијано Роналдо и пстанатите актери од зелениот терен не се родиле како ѕвезди и милионери, туку некогаш одамна тргале од нула и успеале.

Поради тоа интересно е да се погледне на што фудбалерите со години заработуваат пари, или пак на што ја потрошиле својата прва плата. Некои биле навистина скромни, некои добро се почастиле, додека во третата група спаѓаат оние кои веднаш „летнале“ луксузно да живеат, веројатно и самите свесни дека во иднина нема да имаат проблем околу финансиските средства.

КАСЕМИРО

Бразилскиот фудбалер и член на актуелниот шампион, екипата на Реал Мадрид, дефинитивно е најскромниот на нашава листа, бидејќи потекнува од најсиромашната средина. Кога бил дете, Касемиро немал можност да ужива во работите во кои уживале неговите врсници. Интересно, Бразилецот дел од својата прва плата ја потрошил на пакет млечни производи богати со хранливи материи неопходни за здрав живот. Веројатно сега му е смешно кога ќе се присети на тие денови.

СЕРХИО АГУЕРО

Играјќи за Атлетико Мадрид, Агуеро добро заработувал, но тоа не може да се спореди со платата која за доби по потписот во Манчестер сити. Меѓутоа, кога беше член на „јорганџиите“ , првите заработени пари на зелениот терен ги вложи во купување на луксузен автомобил. Тој се одлучи за Ламбурџини Авентадор.

АРДА ТУРАН

Турскиот фудбалер има една интересна инвестиција. Кога започна „мрсно“ да заработува, заштедил пари и одлучил да го изненади својот татко со, ни помалку ни повеќе, туку една бензиска пумпа во Истанбул.

ЧАВИ ЕРНАНДЕЗ

Уште еден од серијата скромни е и поранешниот фудбалер на Барселона. Легендарниот играч од средниот ред и поранешен шпански репрезентативец од првата плата го исполнил ветувањето кое и го дал на својата мајка, па и купил тостер.

ЕДИСОН КАВАНИ

Уругвајскиот фудбалер првата заработувачка ја инвестирал во недвижнини. Веднаш штом заработил двојно пари, купил имот од 1.367 хектари во своето родно место. Тој често го посетува својот ранч и како што и самиот вели таму најдобро може да се одмори од напорната сезона.

ГОДИН И ЛУГАНО

Сегашниот и поранешниот репрезентативец на Уригвај заедно влегле во голем бизнис. Двајцата Диеговци своите први пари заработени од фудбалот ги потрошиле за купивање на една уругвајска компанија за производство на цемент. Имано, нивниот бизнис одлично им оди и денеска.

ГЕРЕТ БЕЈЛ

Првата „сериозна“ инвестиција на велшкиот фудбалер била спортски бар, кој го отвори во Велс. Во годините кои следувале, Бејл стана толку познат па и заборавил дека го има тој бар, особено ако  се знае дека своевремено беше и сопственик на најскапиот трансфер на сите времиња кога од премиерлигашот Тотенхем премина во редовите на Реал Мадрид.

КРИСТИЈАНО РОНАЛДО

Роналдо својата прва плата до последен цент и ја дал на својата мајка, бидејќи и е неизмерно благодарен што го исчувала на вистински начин, откако татко му починал од алкохол.

  • Го направив тоа за таа да не работи ниту еден ден повеќе во животот, своевремено го објасни големиот потег Португалецот.