Connect with us

Фудбал

На теренот игра магично, надвор од него прави погрешни потези, должи еден милион фунти

Хуан Мата должи речиси еден милион фунти откако бизнисот, односно неговиот ресторан се нашол во сериозни проблеми.

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, во еден ресторан нудел автентична шпанска кујна и најдобри вина, но покрај бројните позитивни критики и оценки, бизнисот не одеше како што треба. Па, така неговиот ресторан сега должи речиси милион фунти, а на сметката на ресторанот има едвај 46 илјади фунти.

Очигледно дека Мата бил премногу убеден дека ќе успее во овој бизнис. Работата одела добро, но трошпците биле многу поголеми, па веројатно на крајот Шпанецот ќе биде приморан да го затвори ресторанот.