Connect with us

Фудбал

На Тотенхем му олесна, Кејн го продолжува договорот

Хери Кејн и званично го продолжи договорот со Тотенхем до 2024 година.

Првиот стрелец и најдобриот играч на Тотенхем останува член на „Спарси“, кои му понудиа богат договор со кој станува нај платениот фудбалер во Англија.

Наводно, Кејн за шест години ќе добие 90 милиони фунти. Неговите квалитети од ден на ден се поголеми, а спорет тоа и примањата во клубот од северен Лондон.

Кејн во своите редови го сакаа Реал Мадрид и многу други останати клубови, но после 213 одиграни натпревари, и 140 постигнати голови, никој во Тотенхем не ни помислуваше да го продаде.

Кејн во Русија ке ја предводи Англиската репрезентација на Светското првенство, а она што е сигурно, е дека и наредните сезони ќе го носи дресот на Тотенхем.