Connect with us

Фудбал

На Жоао Феликс му се закануваат дури 12 натпревари суспензија за она што му го кажа на судијата

Во саботата Атлетико Мадрид одигра натпревар без голови против Атлетик Билбао (0: 0).

Мадрид освои само еден бод во натпреварот од петтото коло во шпанската Ла Лига, но сепак нема пораз и моментално се на врвот на табелата со 11 бода.

Феликс вчерашниот натпревар го започна како резерва, но влезе во 60. минута наместо Анхел Коре, но не се прослави.

Во 78 минута, Феликс доби жолт картон поради удар со лактот. Тој наводно му рекол на главниот судија Манзан дека е луд, а сега се соочува со строга казна.

Медиумите во Шпанија веруваат дека поради таква навреда кон судијата, би можел да биде суспендиран од четири до 12 натпревари, што навистина би било вистински шок за Португалецот, но и за Диего Симеоне и неговиот тим.