Фудбал
На Жозе Мурињо му беа потребни само 10 дена да најде нова работа
Можеби не е тоа што најмногу ужива, но не се сомневаме дека Португалецот ќе биде посветен на оваа цел и во оваа деловна активност.
Пред 10 дена Мурињо доби отказ во Тотенхем, но наскоро најде нова работа. Кој сака да работи, секогаш има работа, а тоа се покажа како случај со еден од најдобрите тренери во светот на фудбалот.
Додуша, овој пат нема да го видиме Мурињо во улога на менаџер, туку во улога на критичар. Иако е навикнат да го критикуваат, сега тој ќе биде тој што ќе ги споделува критиките со другите, бидејќи британскиот „Сан“ го ангажираше како главен колумнист за Европското првенство.
Специјалното ќе има дневна колумна и од 11 јуни до 11 јули ќе пишува за натпреварите на Европското првенство, претпоставуваме дека најмногу ќе се базира на англиската фудбалска репрезентација.
Мурињо работи во Тотенхем од 2019 година, но тој не се прослави таму, за разлика од некои поранешни клубови со кои ги освои Лигите на шампионите, националните шампионати, куповите и многу повеќе. Тој беше прв помошник тренер во Барселона, а потоа работеше во Бенфика, Леирија, Порто, Челси, Интер, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед.
Бројни тренери и фудбалери сега ќе бидат под будното око на Специјалниот кој, познавајќи го, ќе биде крајно остар кога ќе има потреба да се критикува некого на натпреварите на Европското првенство.
Мурињо и претходно имаше многу судири со новинарите. Како тренер на тимови како Реал, Интер и Челси, тој често беше критикуван за конзумирање на премногу дефанзивен и невнимателен фудбал, но Специјал секогаш инсистираше на тоа дека резултатот е мерка за сè и дека најмалку важна е игратана некој тим, отколку резулататите што ги постигнува на крајот на сезоната.
Долго време Жозе трпеше критики, време е да возврати.
We've got Mourinho!
Jose Mourinho joins @TheSun as our expert columnist for the Euros! pic.twitter.com/CBIhvaNkvr
— The Sun Football ⚽ (@TheSunFootball) April 29, 2021