Други спортови
Надал доминантно до третото коло, следува дуелот со Гаске
Првиот фаворит за победа на овогодишниот Ролан Гарос Рафаел Надал во второто коло на престижниот гренд слем турнир сосема лесно дојде до триумф над Аргентинецот Пела, со резултат од 3:0, а во сетови 6:2, 6:1, 6:1
Иако на почетокот на турнирот, во првото коло, Надал со многу проблеми, исто така, со 3:0 го победи Болели, денеска тој имаше многу полесна задача.
Имено, светскиот број еден за нешто повеќе од два часа игра го совлада Пела кој немаше никаков одговор на играта на Надал.
Пела му даде најголем отпор на Надал во пробниот сет, а брејкот и сет топката во осмиот гем ги одбрани четири пати пред Шпанецот да успее да го реши овој сет во негова корист.
Другите два сета Надал експресно ги доби (32 и 37 минута), така што во третото коло на Ролан Гарос ќе игра против со Гаске.