Connect with us

Други спортови

Надал: Повеќепати сум бил во ситуацијата во која се наоѓа Ѓоковиќ

Актуелниот најдобар тенисер на светот Рафаел Надал изјави дека во целост ја разбира ситуацијата во која се наоѓа Новак Ѓоковиќ, бидејќи повеќепати и самиот се соочувал со тоа.

Најдобриот српски тенисер сезонава на терените се врати по тешка повреда и операција на лактот, а по неубедливиот почеток повторно игра со самодоверба и во врвна форма.

Ѓоковиќ го победи Надал во полуфиналето на Вимблдон, а на турнирот ја освои и првата Гренд слем титула по две години. Потоа српскиот тенисер во финалето во Синсинати го совлада Роже Федерер и првпат во кариерата ја освои титулата на овој мастерс.

– Сум бил повеќепати во таква ситуација. Знам како одат нештата. Се што ви е потребно е да сте здрави. Не заборавате да играте тенис, туку само треба да бидете мотивирани. Секој се сомнева и тоа е нормално, тоа е дел од спортот и животот. Сомнежите се добри, бидејќи ако ги немате значи дека сте арогантни, истакна шпанскиот тренисер.

Надал и Ѓоковиќ се фаворити за Ју-Ес опен. Турнирот почнува на 27 август, а трофејот го брани токму шпанскиот тенисер.