Фудбал
Нагелсман: Мбапе ќе игра против Баерн
Тренерот на Баерн, Јулијан Нагелсман изјави дека е уверен дека Килијан Мбапе ќе игра за Пари Сен Жермен во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите, пренесуваат германските медиуми.
Мбапе се повреди минатата недела на дуелот од француското првенство против Монпелје, а клубот од Париз соопшти дека играчот ќе отсуствува три недели.
„Не знам што точно да кажам, но очекувам да игра. На нивниот официјален сајт тие беа доста нејасни и кажаа три недели. Доколку нема сериозна повреда, мислам дека нема да го пропушти натпреварот“, изјави Нагелсман.
Nagelsmann said he does not believe the news of Mbappe's injury and his absence from facing Bayern, and there is something mysterious in the 3-week injury statement and that he can play?
Christophe Galtier (PSG coach): "It's definitely not my style" pic.twitter.com/CmS55uo8Cq
— BayernTimes (@BayernTimes) February 4, 2023
Првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите помеѓу ПСЖ и Баерн ќе се одигра на 14 февруари во Париз.
„Ќе се подготвиме за натпреварот како да игра и Мбапе. Рано е да се каже дека играчот нема да биде на теренот, а нема сериозна повреда“, заклучи тренерот на Баерн.