Connect with us

Фудбал

Нагелсман сака двајца нови играчи, раководството на Баерн му објасни дека тоа сега е невозможно

Стартот на Јулијан Нагелсман на клупата на Баерн не ветува, но рано е да се зборува за тоа дали неговото доаѓање е вистинскиот потег на Баварците.

Нагелсман покажа тренерски квалитети водејчи тимови како Хофенхајм и Лајпциг, а овој млад и исклучително перспективен германски тренер ќе се обиде со Баерн да воспостави и да ја продолжи доминацијата во Германија, но и да донесе трофеи од Лигата на шампионите.

Во официјалното деби во Бундеслигата против Борусија Моенхенгладбах, Нагелсман освои бод со Баерн, иако пропушти бројни можности да победи на отворањето на сезоната.

Претходно, Баерн ги одигра сите прелиминарни натпревари без победа и тоа ги загрижи навивачите, а Нагелсман бара дополнителни засилувања.

Тој ги извести челниците дека му се потребни двајца нови играчи, Марсел Сабицер од Лајпциг и Амине Адли. Адли е напаѓач, има само 21 година и игра во Тулуз, Франција. Што се однесува до Сабицер, тој е репрезентативец на Австрија и е играч од средниот ред.

Ова се желби на Нагелсман, но Баерн наводно му рекол дека трансферите не се можни, освен ако еден од сегашните играчи не биде продаден, а првиот во редот е Корентино Толисо.

Одамна се зборуваше дека Сабицер ќе дојде во Баерн. Фудбалерот дури мораше да се договори за индивидуален договор со клубот. Сепак, за финализација се бара согласност од РБ Лајпциг, која очекува околу 18-20 милиони евра за играчот. Договорот на Сабицер со Лајпциг истекува во јуни следната година. Во претходната сезона, играчот одигра 39 натпревари, постигна девет гола и имаше седум асистенции.

Баерн сепак може да чека да му истече договорот и потоа да го доведе без надомест, иако Нагелсман би сакал таков играч веднаш.

Друга цел на Нагелсман, Адли, дури и разговараше со тренерот и директор Хасан Салихамиџиќ и изрази желба за трансфер. 21-годишниот фудбалер ја одби понудата на Волфсбург, а го следат и Борусија Дортмунд и Херта Берлин.

Досега Баерн го донесе Дајота Упамекано од РБ Лајпциг за 42,5 милиони евра, Омар Ричардс и Свен Улрајх како слободни играчи.

Неколку играчи го напуштија клубот, најзначајните беа заминувањата на Давид Алаба (како слободен играч потпиша за Реал Мадрид) и Џером Боатенг и Хави Мартинез, чиј договори истекоа.