Connect with us

Фудбал

Награда за лојалност: Челзи подготви неверојатен договор за Азар

Белгискиот репрезентативец Еден Азар во последно време беше на мета на многу шпански медиуми за тоа дека ќе го напушти Челзи ова лето.

Голем интерес за Азар покажа Реал Мадрид, а дури и самиот Азар во еден момент призна дека сака да игра за „Кралскиот“ клуб. Иако Реал Мадрид испрати неколку понуди за Азар, на крајот Челзи одлучи да не го продава најдобриот играч.

Пред неколку дена Азар изјави дека е среќен во лондонскиот клуб, и дека нема потреба во овој момент да го напушти „Стемфорд Бриџ“. Изгледа дека во Челзи се подготвени да го наградат Азар за лојалноста, затоа што англиските медиуми пренесуваад дека ќе му биде понуден нов договор.

Доколку Азар се согласи да ја продолжи соработката со „Плавите“ до 2023. година седмично ќе заработува по 300.000 фунти. Наводно, Азар веќе ги одржал разговорите со челниците на клубот и единствено побарал договорот да не го „врзува“ во седните пет години, туку нешто помалку.