Connect with us

Фудбал

Наинголан го посети својот татко, кој го оставил додека бил дете, и доживеа нов шок

Белгискиот фудбалер Раџа Наинголан нема по добро да го памети ова лето, со оглед на тоа дека за него немаше место во националниот тим за Светското првенство.

Белгискиот селектор, Роберто Мартинез, одлучи да земе Наинголан на Светското првенство пред се поради неговото однесување надвор од теренот. Раџа во интервју за белгиските медиуми зборуваше за тоа дека потег на Мартинез не го „боли“ толку многу, бидејќи веќе се навикнал на такви работи во неговиот живот.

Наинголан одлучи да ја отвори својата душа за неговото тешко детство и за моментот кога неговиот татко го остави. Тој пораснал со неговата мајка, братот и сестрата во тешки услови, и кога се стекнал со слава и среќа, сепак нашол сила да го најде својот татко и да му прости. Па, тогаш тој доживеа голем шок.

„Бевме тројца во куќата кога татко ми замина и не остави во долгови, Мојата мајка заработуваше 1300 евра и работеше десет часа дневно. Скоро секој ден јадевме иста храна, а знаевме и по месец дена да останеме без електрична енергија. Италија? Кога дојдов ми биде тешко и сакав да се вратам по половина година, но мојот брат ме убеди да останам“, рече Наинголан, и продолжи:

„Јас заработував во Пескара околу 1.400 евра месечно, и бев во можност да и испратам 500 евра на мајка ми секој месец. Што се однесува до татко ми, во една прилика отидов во Индонезија да го видам и сакав да му простам и да му дадам нова шанса. Тој е го сврте грбот и се што побара од мене беше да му остави пари“.