Connect with us

Фудбал

Наизглед незначaјниот пораз може да го чини отказот Покетино на клупата на ПСЖ

ПСЖ синоќа во „дербито на богатите“ беше поразен од Манчестер Сити (2:1) во петтото коло од групата А на Лигата на шампионите.

Парижаните веќе обезбедија пласман во осминафиналето во Лигата на шампионите, па овој пораз навидум им е безначаен. Сепак, не е безначајно за тренерот на оваа екипа, Маурисио Покетино.

Како што пишуваат утринава француските медиуми, аргентинскиот стручњак многу лесно би можел да добие отказ. Парискиот печат ја доведува во прашање способноста на 49-годишниот стручњак да управува со тим полн со ѕвезди и соблекувална полна со его.

„Le Parisien“ пишува дека звучните летни трансфери (Меси, Рамос, Вајналдум, Донарум) не донеле многу добро, а раководството на францускиот гигант веќе размислува за наследникот на Покетино.

Истиот извор наведува дека главен кандидат за оваа функција е Зинедин Зидан, поранешен тренер на Реал Мадрид кој моментално е без работа. Наводно, ПСЖ е подготвен што поскоро да започне преговори со него.

Маурисио Покетино, пак, се поврзува со жешката клупа на Манчестер Јунајтед, кој остана без тренер откако Оле Гунар Солкшеер доби отказ по дебаклот против Ватфорд (4:1) викендов во Премиер лигата.

Реклама

Facebook

Реклама