Connect with us

Фудбал

Најава за „бомба“ во Барселона, тимот ќе се гради околу Меси, но и 20-годишниот „Терминатор“

Според најавите од Каталонија, Лионел Меси останува во Барселона. Наводно плановите на новиот претседател Хуан Лапорта му се допаѓаат, па тој ќе го продолжи договорот со каталонскиот тим. Идејата на Лапорта е тимот за следната сезона да се гради околу Лионел Меси, но и околу 20-годишниот „Терминатор“. Да, така го нарекуваат младиот напаѓач на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд, а наводно тој е „бомбата“ која се најавува на Хуан Лапорта.

Што се однесува до другите засилувања, Ерик Гарсија од Манчестер Сити од поодамна е договорен. Наводно се прават напори и за ангажирање на Давид Алаба, а во нападот се бара уште еден напаѓач, во конкуренција се Серхио Агуеро и Мемфис Депај.

Новиот претседател исто така прави напори да го донесе и Давид Алаба а ќе биде ангажиран и уште еден напаѓач.