Connect with us

Фудбал

Најавите се исполнија, наместо во Софија, Македонија на Бугарија и гостува во Разград

Репрезентацијата на Македонија на почетокот на јуни го започнува циклусот на натпревари за новото издание од Лига на нации за сезоната 2022/2023.

Нашата најдобра селекција предводена од Благоја Милевски се наоѓа во групата Ц каде што силите ќе ги одмери со репрезентациите на Бугарија, Грузија и Гибралтар.

Првиот меч го играме на 2. јуни на гостински терен против репрезентацијата на Бугарија, на Хувефарма Арена во Разград. Пред неколку дена Бугарите најавија дека наместо во Софија овој фудбалски меч, како и некои други на бугарската репрезентација ќе се играат во Разград.

  1. јуни 2022. Бугарија – Македонија
  2. јуни 2022. Гибралтар – Македонија
  3. јуни 2022. Македонија – Грузија
  4. јуни 2022. Македонија – Гибралтар
  5. септември 2022. Грузија – Македонија
  6. септември 2022. Македонија – Бугарија

Нашите фудбалери на 24. март ќе гостуваат во Италија во баражот за пласман на Светското првенство 2022 во Катар.