Connect with us

Фудбал

Најчудниот список досега: Селекторот покани 11 играчи со исто презиме!

Дека две презимиња играат за ист тим сме чуле но, сепак кога 11 играчи имаат исто презиме, тогаш таквиот список дефинитивно може да се нарече невообичаен.

Тренерот на Гвинеја, Дидер Сикс, го објави списокот за претстојниот Куп на нации на Африка, на кој има дури 11 играчи со презиме Камара.

Камара е најчестото презиме во оваа африканска земја, што е потврдено и со списокот на Сикс.

На списокот од 30 играчи има тројца голмани, четворица дефанзивци, двајца играчи од средниот ред и двајца напаѓачи.

Со оглед на вишокот голмани, составувањето на првиот тим со презимето Камара е невозможно, но да се видат сите на исто време на теренот би било навистина нереално.

Инаку, најголема sвезда на репрезентацијата на Гвинеја е Наби Кити, која игра за Ливерпул.