Фудбал
Најчудниот трансфер ова лето го направи Тим Кејхил
Искусниот напаѓач Тим Кејхил се уште нема намера да ја заврши својата кариера, па сега најде нов ангажман.
Кејхил по Светското првенство се прости од репрезентацијата на Австралија и многумина веруваа дека ќе ја заврши својата кариера ова лето. Меѓутоа овој 38-годишрн напаѓач се уште нема намера да ја завршие својата кариера.
Имено, некогашниот фудбалер на Евертон е нов член на индискиот Јамсхендпур со кој потпиша договор на една година. Кејхил на почеткот на годинава потпиша за Милвол, но во клубот од Чемпионшип се задржа само неколку месеци.
„Среќен сум што можам да кажам дека кариерата ја продолжувам во Индија. Клубот направи се за да ме доведе и многу ми се допадна што се многу професионални во тоа. Едвај чекам да ја почнам новата авантура и да се придружам на моите соиграчи“, рече Кејхил.