Connect with us

Тајмаут

Најден е авионот во кој загина фудбалерот Емилијано Сала

Вечерва  е најден авионот вом кој загина фудбалерот на Кардиф ,Емилијано сала и пилотот Дејвид Ајботсон , кои пред речиси две недели паднаа во водите на Ла Манш.

Откако по три дена од несреќата , не беа најдени телата, спасувачите ја прекинаа потрагата . Со донации , најмногу од колегите фудбалери , беа многу бргу собрани 300 000 евра , со кои се обнови потрагата со приватна компанија.

Бродот со кои се водеше потрагата од вчера  , вечерва ги најде остатоците од авионот на дното на Ла Манш.