Connect with us

Фудбал

Најдобри стрелци во историјата на Мундијалите

Французинот Џаст Фонтен со 13 постигнати голови на Мундијалот во Шведска 1958 година е најефикасниот играч на едно Светско првенство.

Најблиску до него по број на постигнати голови за време на еден планетарен собид на најдобрите фудбалски репрезентации е Шандор Кочиш кој 1954 во Швајцарија 11 пати ги тресел противничките мрежи.

Од поново време Бразилецот Роналдо во 2002 година на СП во Јапонија и Јужна Кореја постигна осум погодоци, а на последното (2014 во Бразил Џејмс Родригез од Колумбија реализира шест пати.

Најдобри стрелци на досегашните Светски првенства:

1930 година Уругвај / Гилермо Стабиле (Аргентина) 8 гола
1934 Италија / Олдрич Неједли (Чехословачка) 5
1938 Франција / Леонидас (Бразил) 7
1950 Бразил / Адемир (Бразил) 9
1954 година. Швајцарија / Шандор Кочиш (Унгарија) 11
1958 Шведска / Џаст Фонтен (Франција) 13
1962 Чиле / Гаринча (Бразил), Вава (Бразил), Леонел Санчез (Чиле), Дражен Јерковиќ (Југославија), Валентин Иванов (СССР), Флоријан Алберт (Унгарија), сите по 4
1966 Англија / Еузебио (Португалија) 9
1970 Мексико / Герд Милер (Германија) 10
1974 Германија / Гжегож Лато (Полска) 7
1978 Аргентина Марио Кемпес (Аргентина) 6
1982 Шпанија / Паоло Роси (Италија) 6
1986 Мексико / Гери Линекер (Англија) 6
1990 Италија / Салваторе Скилачи (Италија) 6
1994. САД / Христо Стоичков (Бугарија), Олег Саленко (Русија), по 6
1998. Франција / Давор Шукер (Хрватска) 6
2002 Јапонија / Јужна Кореја / Роналдо (Бразил) 8
2006 Германија / Мирослав Клосе (Германија) 5
2010 Јужна Африка / Весли Снајдер (Холандија), Давид Виља (Шпанија), Диего Форлан (Уругвај), Томас Милер (Германија) сите по 5
2014 Бразил / Џејмс Родригез (Колумбија) 6