Најдобриот стрелец на ЖРК Пелистер, Габариела Величковска деновиве потпиша за францускиот тим „Le Pouzin 07“. Се работи за тим од втората лига во Франција.
Дваесет и три годишната Величковска трансферот го потврди и со фотографија по потпишувањето на договорот.