Фудбал
Најдобриот стрелец во Серија А добива нов богат договор
Најдобриот стрелец во Серија во моментов, Мауро Икарди, има договор со Неразурите до 2021 година, но Интер планираат да го осигураат на подолг рок уште во Јануари.
Намерата на челниците на тимот е да го задржат аргентинскиот напаѓач, а во јануари планираат да го финализираат продолжувањето на нивната соработка до 2023 година со тоа што во новиот договор откупната клаузула за Икарди ќе порасне на 130 милиони евра.
Оваа сума не е толку висока кога ќе се земе предвид моменталната ситуација на пазарот на побарувачка и фактот дека Реал Мадрид има покажано интерес за Икарди.
Со новиот договор Икарди би можело да добие годишна плата од 7 милиони евра, што е значително зголемување во споредба со моменталните 4,5 милиони евра.