Кошарка
Најдобрите клубови во македонската кошарка добиваат можност за настап во куповите на ФИБА
Клубовите со највисок рејтинг во македонската клупска кошарка (во двете конкуренции) добиваат уште една можност за настап надвор од границите на нашата земја во наредната натпреварувачка сезона 2020/2021.
Канцеларијата на ФИБА-Европа испрати циркуларно писмо за пријава на клубови за трите преостанати натпреварувања во организација на Светската кошаркарска федерација.
Односно ФИБА Еврокуп, Лига на Шампиони-жени и Еврокуп-жени.
Заинтересираните клубови ќе треба да ја предадат комплетната документација за пријава до 20. јули, а најдоцна до 27. јули да испратат и финансиски гаранции во висина од 10.000 евра на сметката на ФИБА.
Во писмото се вели дека во зависност од бројот на пријавените клубови, подоцна ќе биде утврдено дали во натпреварувањето ќе има квалификациски дел, или пак натпреварите ќе се одвиваат во групна фаза.
Условно, ждрепката за овие три натпреварувања е закажана за 17.август.