Connect with us

Фудбал

Најголан сака во Рома

Близок извор од таборот на италијанскиот калчо гигант Интер, откри дека белгискиот интернационалец Раџа Најголан, сака да се врати во редовите на Рома, иако пред неколку месеци си замина од Рим. Искусниот играч за врска се пресели на “Џузепе Меаца” за време на летниот преоден рок, но во изминатите неколку месеци имаше неколку конфликтни ситуации со клупските челници.

Пред неколку дена Најголан беше казнет затоа што задоцнил на утринскиот тренинг, а италијанските медиуми открија дека Белгиецот за само неколку часа во казино потрошил околу 150.000 евра.