Фудбал
Најголемите клубови создаваат „Европска супер премиер лига“ – Лигата на шампионите под закана
Најголемите клубови во светот водат разговори за создавање на „Европска Премиер лига“ со големите три клуба од Ла Лига – Барселона, Реал Мадрид и Атлетико Мадрид – за кои се вклучени.
Ливерпул и Манчестер Јунајтед се споменуваат во извештајот на Sky Sports News, а се наведуваат и Арсенал, Челзи, Манчестер Сити, Тотенхем, Пари Сен Жермен, Јувентус и Баерн Минхен како најверојатни кандидати да се приклучат на оваа идеја.
Реал важи за еден од главните архитекти на оваа европска „супер лига“ и тие ќе добијат огромна сума за приклучување, а претседателот на клубот Флорентино Перез е еден од главните луѓе кои стојат зад предлогот.
Според извештајот, потребен е пакет од шест милијарди евра за создадавање на ваква европска „супер лига“. Натпреварувањето би можело да започне веќе во 2022 година. Би учествувале 18 екипи, со натпревари одиграни во текот на нормалната европска сезона.

Најдобро пласираните екипи во лигата ќе се пласираат во нокаут фаза, а победниците ќе добијат награди од стотици милиони евра.
Овој турнир, за чии верзии се шпекулираше многу долго време, може потенцијално да ја „уништи“ Лигата на шампионите на УЕФА.
Се вели дека УЕФА не е инволвирана во целата идеја, што значи дека тоа е проект главно застапуван од клубовите, но и ФИФА. Од друга страна, пак, на ова се гледа како борба на мож помеѓу УЕФА и ФИФА. Европската куќа на фудбалот планира обнова и измени во Лигата на шампионите, кои не би биле направени пред 2024-та година.