Connect with us

Фудбал

Најголемото понижување за Кларенс Седорф, се пожалил, па бил понижен уште повеќе

Кларенс Седорф полни 10 години го носеше дресот на Милан. Токму во редовите на „Росонерите“ го доживеал најголемото понижување како фудбалер. Во тоа време беше тренер Масимилиано Алегри. Седорф два меча по ред бил на клупата, што секако не му се допаднало.

Одлучил да се пожали на Алегри, но стигнал „студен туш“, односно уште поголемо понижување.

-Еднаш го ставив Седорф два меча во низа на клупа. Се жалеше дека тоа никогаш не му се случило. Јас му преков: Подготви се, третиот пат доаѓа во недела, се присети Алегри на овие моменти во едно интервју дадено по речиси две години тишина.

Тоа се случуваше во последната сезона на Седорф на „Сан Сиро“. По оваа сезона тој замина во Ботафого каде играше две сезони, а потоа се пензионираше.

Седорф во кариерата играше за Ајакс, Интер, Реал Мадрид и Милан. Тој е единствениот играч кој со три различни клубови, Милан, Ајакс и Реал Мадрид, освоил Лига на шампиони.