Connect with us

Тајмаут

Најлошите денови во животот на Томас Тухел: И да биде европски шампион, нема да има насмевка на неговото лице

Менаџерот на Челзи, Томас Тухел се разведува од својата 13-годишна сопруга.

Неговата сопруга Сиси поднесе барање за развод минатата недела, седум месеци откако се пресели во Велика Британија.

Дејли мејл тврди дека бракоразводната постапка е започната и дека нема шанси работите да се подобрат, дека нема друг начин освен двајцата да се разделат и да си тргнат по својот пат, иако нема вистинска причина за таква одлука, или се уште не е стигната до јавоста.

Сиси и германскиот тренер за време на неговиот ангажман во ПСЖ живееја заедно во луксузниот париски кварт От де Сен, но многу работи се променија откако тој го презеде Челзи.

Во Лондон тие двајца добро функционираа од самиот почеток, Сиси дури и му трчаше во прегратка по освојувањето на Лигата на шампионите, но неколку месеци по финалето односите се заладија.

Сиси е новинарка на германскиот дневен весник Suddeutsche Zeitung, а тие имаат две ќерки, Ема и Ким, кои се родени со разлика од само една година.

Тухел пред неколку месеци зборуваше за медиумите за својот приватен живот, а потоа изјави дека е повлечен човек, живее семеен и мирен живот и дека сопругата и ќерките му се најважната работа во животот, но се чини дека е нешто од минатото.

Тухел во Челзи заработува осум милиони евра по сезона, но дел од парите ќе мора да ги даде на сопругата која дала отказ за да биде со него и да се грижи за нивните ќерки додека тој патува и оди на тренинг.