Connect with us

Фудбал

Најскапото засилување на Реал заминува на лето

елгискиот напаѓач Еден Азар летово ќе го напушти Реал Мадрид, пренесуваат шпанските медиуми.

Новинарот Марио Кортегано, кој е добро упатен во случувањата на стадионот „Сантијаго Бернабеу“, денеска објави дека ќе има раскин на договорот меѓу двете страни и покрај тоа што Азар се надева дека ќе остане во Реал.

Клубот сакаше да ја прекине врската со него бидејќи не сметаше сериозно на услугите на еден од најдобрите крилни играчи во светот за следната сезона.

Наскоро се очекува официјално соопштение (уреди: тоа се случи во меѓувреме), а се споменува и дека Азар размислува веднаш да стави крај на играчката кариера.

Азар има 32 години, во Реал пристигна во 2019 година за 100.000.000 евра од Челзи. За Реал за четири години одигра само 72 натпревари со учинок од седум гола и 12 асистенции.