Фудбал
Најтешкиот пораз на Томас Тухел, два дена седел во „мртва“ темница, утре противник му е токму тој тим
На Томас Тухел добро му оди на клупата на Челзи. Тимот бележи позитивни резултати откако е тој тренер. Последен пораз е од Лестер на 19-ти јануари, а од тогаш Челзи девет меча е без пораз, од кои седум се победи, секако во сите конкуренции.
Во едно интервју Тухел се отвори за неговата кариера и времето во ПСЖ. Спомна и кој пораз му паднал најтешко. Тоа е оној во ЛШ против Манчестер Јунајтед. Тогаш ПСЖ на „Олд Трафорд“ победи со 2:0, но на домашен терен, во Париз загубија со 3:1.
Тоа е најтешкиот пораз во мојата кариера, дојде од никаде. Бев во мрак цели два дена“, изјави Тухел.
Токму овие две екипи се среќаваат утре, но во Премиер лигата. Челзи го пречекува Манчестер Јунајтед, а Тухел ќе има можност да се реваншира, иако сега со друг клуб и друго натпреварување.
„Ова е сосема друг натпревар. Сакаме да играме со силни тимови, сакаме победи и добра игра. Се надевам дека ќе ја имаме во недела, вели Тухел.