Connect with us

Фудбал

Најубавиот божиќен подарок – Карло Анчелоти 2026!

Карло Анчелоти и Реал Мадрид изгледаат како совршен пар, па се поставува логично прашање – зошто би се разделиле?!

Навистина, ФС Бразил (CBF) загриза и се обидуваше на секој начин да го убеди Италијанецот да ја преземе нивната репрезентација, но добрите резултати, играта, како и влијанието врз играчите и соблекувалната го принудија Флорентино Перез да испрати контра понуда.

Анчелоти има договор до летото 2024 година, а се погласни се гласините дека е повеќе склон да остане во Мадрид отколку да ја преземе репрезентацијата на Бразил.

Преговорите сега се во завршна фаза и сигурниот Матео Морето денеска открива дека планот на Флорентино Перез е да го обнови договорот со Анчелоти до Божиќ.

Тој се врати во Реал во летото 2021 година кога го замени Зинедин Зидан и ја освои Лигата на шампионите и Ла Лига во својата прва сезона. Тој го освои само Купот на кралот минатата година, кога почнаа шпекулациите дека ќе си замине на крајот на договорот, но дојде до пресврт.

Реал летово остана без Карим Бензема, но тој и понатаму е смртоносен. Тој е прв во групата од Лигата на шампионите, го освои „Ел Класико“ и е позрел кандидат за титулата од Барселона и навистина нема логика да се разделат.

Исто така, Перез е подготвен да му понуди на Анчелоти договор на уште две години, до летото 2026 година.

Ако сте заборавиле, Анчелоти во првиот мандат седеше на клупата на Реал Мадрид од 2013 до 2015 година, кога ги освои и Лигата на шампионите и Купот на кралот.

Навистина изгледа дека Италијанецот и Реал Мадрид сепак се најдобриот пар…