Connect with us

Ракомет

Нант елиминиран од Лига купот на Франција од ПСЖ

Ракоматарите на Нант го завршија настапот во четвртфиналето од Лига купот на Франција откако синоќа загубија од првакот ПСЖ со 35:33. Нант на нашиот Кирил Лазаров беше во негатива од пет голови (25:30) во вториот дел и успеа да ја врати неизвесноста на дуелот откако намали на 31:32, но немаше сили за пресврт.

Лазаров одигра добар натпревар и постигна пет голови.

Покрај ПСЖ пласман во полуфинале на Лига купот изборија уште Тулуз, Данкерк и Истрес.