Connect with us

Ракомет

Нант и Лазаров поразени кај Ним

Кире Лазаров и Ним претрпеа пораз во францускиот шампионат, со минимални 33-32 на гостувањето против Ним.

Кире Лазаров и неговите соиграчи одиграа многу подобро прво полувреме по кое водеа со 16:18, но Ним успеа да ја преземе резултатската контрола во вториот дел.

Лазаров постигна три гола, а најдобар во таборот на поразениот тим беше Валеро Ривера со седум голови. Со овој пораз Нант остана на третата позиција на табелата со 27 бодови, но ПСЖ и Моппелје сега имаат убедлива предност. „Светците“ имаат 40 бодови, додека Монпелје е втор со 36.