Connect with us

Други спортови

Напад на Новак Ѓоковиќ и поради фотографијата од авионот

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ (34) е човек за кој во претходниот период зборува цел свет.

Откако беше депортиран од Австралија, Новак се врати во Белград, а дополнителна контроверзија предизвика фотографијата од авионот што ја направи неговиот сопатник.

На Ѓоковиќ сега му замеруват затоа што не носел маска додека читал во авион. Маската е претежно задолжителна во сите авиокомпании, а поради ова Новак повторно е во центарот на вниманието.

За време на краткиот престој во Австралија, српскиот тенисер ги почитувал мерките и постојано носел маска, но откако се качил во авионот решил дека му е доста.

За многумина неговиот потег е неприфатлив и нов доказ дека Ѓоковиќ бил невнимателен за време на пандемијата.