Connect with us

Фудбал

Наполи го „згази“ Сасуоло, можат ли Елмас и соиграчите до титулата?! (ВИДЕО)

Наполи стигна до уште една убедлива победа во Серија А овој пад на домашен терен со 4:0 го прегази Сасуоло. Хет трик за Осимхен и еден на Кварацхелија за убедлива победа. Елиф Елмас на теренот беше од 56-та минута кога во игра влезе на местото на Зеленски.

Наполи е лидер со 32 бодови, шест повеќе од Милан на второто место кој има меч помалку. Ниту една екипа од петте најсилни лиги не може да се пофали со учинок каков што има Наполи. Во Серија А од 12 меча има 10 победи и 2 нерешени средби, а во Лигата на шампионите во групната фаза пет победи од пет меча. Со право навивачите на овој тим сега повеќе ја посакуваат и очекуваат титулата. Дали може да направи овој состав нешто специјално, останува да се види.


Standings provided by Sofascore