Фудбал
Наполи му даде 5 голови на Јувентус, стрелаше и Елмас, овој тим е зрел за титула (ВИДЕО)
Каков меч на Наполи, шампионска игра, на домашен терен го прегази Јувентус со 5:1. Играчите на Спалети везеа по теренот, овој тим заслужува сезонава да биде шампион.
Осимхен во 14-та минута го отвори резултатот, во 39-та Кварацхелија зголеми на 2:0. Три минути подоцна неизвесност резултатска врати Ди Марија.
Но, оваа неизвесност траеше до 55-та минута кога Рахмани погоди за 3:1. Десет минути подоцна Осумхен со негов втор гол зголемува на 4:1, а конечните 5:1 ги постави нашиот Елиф Елмас во 72-та минута. Ова секако е еден од најубедливите порази на Јувентус во последните години.
Со оваа победа, но и играта Наполи покажува дека е зрел за титула.