Connect with us

Фудбал

Наполи најде замена за Ким – пристигнува Бразилецот од Ред Бул!

Во текот на летото, Наполи остана без столбот на одбраната во вид на Мин-џае Ким, кој премина во Баерн Минхен, но италијанскиот клуб наскоро ќе реагира пред почетокот на новата сезона.

Скај Спортс објави дека нови фудбалери на клубот од Неапол наскоро ќе стане Бразилецот Натан (22), кој по лекарските прегледи ќе потпише петгодишен договор со Италијанците.

На Апенините тврдат дека е готова и годишна плата од 1.100.000 евра.

Натан израсна во помладите категории на Фламенго, но вистинската можност ја доби во клуб во сопственост на компанијата Ред Бул, која во јануари минатата година за трансферот плати 4.200.000 евра.

Сега ќе заработи речиси три пати повеќе отколку што вложил бидејќи Наполи ќе треба да одвои 10.000.000 евра плус дополнителни бонуси доколку се исполнат одредени услови.

Наполи најде замена за Ким по одлична цена бидејќи Кореецот на клубот му донесе дури 50.000.000 при трансферот во Германија.