Connect with us

Фудбал

Наполи сигурен, Елиф Елмас го немаше ни на клупа (ВИДЕО)

Наполи на гостински терен славеше против Верона со рутински 3:1. Политано еден и Кварацхелија два гола, се најзаслужни за победата.  На спротивната страна Лазовиќ само го ублажи поразот. Инаку, македонскиот репрезентативец Елиф Елмас го немаше во составот на Наполи. Спортскиот директор на клубот, Мауро Мелусо потврди дека станува збор за мускулна повреда која македонскиот фудбалер ја заработил на вчерашниот тренинг.