Connect with us

Фудбал

Направено второ тестирање, Пандев негативен, се чекаат резултати на Елмас

Горан Пандев, фудбалерот на Џенова и капитенот на македонскиот национален фудбалски тим е негативен на Ковид-19 и на второто тестирање.

Пред неколку дена Џенова се тестираше по врќањето на Неапол, и беше констатирано дека 14 играчи се заразени со вирусот. Меѓу нив не беше Пандев. Истите 14 играчи беа потврдени како заразени и со второто тестирање. Се тестирале и од Наполи, каде што настапува Елиф Елмас, со оглед дека играчите имале контакти во меѓусебниот дуел. Резултатите се очекуваат наскоро. Наполи ја совлада Џенова со 6:0, а еден од стрелците беше токму и Елмас.