Други спортови
Наследникот на Хабиб остана без борба: За разлика од тебе, немам кој да ми ги плати сметките
Ислам Махачев нема да се бори со Рафаел дос Анјос на УФЦ 267 закажан за 30 октомври.
Бразилскиот борец го откажа натпреварот поради повреда, но феноменалниот дагестански борец не верува дека се работи за повреда.
„Не верувам дека си повторно повредени“, напиша Махачев на Твитер, додавајќи дека Дос Анјос испадна кукавица.
Искусниот бразилски борец и поранешен шампион во лесна категорија одлучи да реагира на прозивката и доста го навреди Махачев.
„Дали навистина мислиш дека ќе лажирам операција? Се враќам по уште една сериозна повреда и за разлика од тебе, имам семејство што зависи од мене. Немам никој друг да ми ги плати сметките за разлика од тебе“, напиша Дос Анјос , алудирајќи на тоа дека Кабиб Нурмагомедов се грижи за сите сметките на неговите борци, пријатели и семејство.
Do you really think I would fake a surgery? Coming out of another terrible injury. Unlike you I have a family that depends on me and I don’t have another man paying my bills. https://t.co/PDvQ2rhZsq
— Rafael dos Anjos (@RdosAnjosMMA) September 26, 2021
Ислам Махачев е прогласен од Хабиб за негов наследник во УФЦ, но наоѓањето противник е голем проблем.
Ретко кој се осмелува да се согласи на натпревар со дагестанска машина, и останува да видиме дали ќе се борат на настанот УФЦ 267.