Connect with us

Фудбал

Насмеа многумина: “Сасуоло е како Барселона”

Бразилецот Марлон Сантос неодамна ја напушти Барселона и одлучи кариерата да ја продолжи во Сасуоло.

Бразилецот во Барса пристигна пред три години, но не успеа да се наметне во каталонскиот клуб. После играњето минатата сезона на позајмица во Ница овој пат, Барселона одлучи да го стави Марлон на трансфер листата и на крајот му го продаде на Сасуоло.

Марлон ќе мора да дебитира во дресот на новиот клуб многу брзо и да покаже дали Сасуоло добро вложил 12 милиони евра. Барселона се уште има можност да го откупи својот договор, но тешко е да се очекува дека тое ќе се случи. Во изјавата за италијанските медиуми, овој дефанзивец ги изненади сите кога изјави дека Сасуоло е како Барселона.

“Многу сум среќен што дојдов во овој клуб, Сасуоло е како Барселона и имам слична филозофија, за што ќе ми биде тешко да се вклопам. Се што видов на тренинг видов и во натпреварот со Интер и не можам да дочекам да играм. Многу Бразилци успеаа во Италија и се надевам дека ќе бидам еден од нив. Моите идоли се Тијаго Силва и Серхио Рамос “, рече Марлон.