Connect with us

Фудбал

Натпреварите во Италија без публика до крајот на септември

Рим, 6 септември 2020 (МИА) – Италијанските власти одлучија да ја продолжат забраната за присуство на навивачи на спортски настани.

Оваа забрана важи и за фудбалски натпревари и ќе остане на сила барем до 30 септември, пренесува „Кориере дела сера“.

Новиот владин декрет, со кој се прошируваат ограничувачките мерки, треба да стапи на сила на 7 септември.

Почетокот на новата сезона во Серија А е закажан за 19 септември. зс/