Фудбал
Натпреварите во Премиер лигата ги обележа еден човек – Антони Марсијал!
Денеска во 19:00 часот се одиграа четири натпревари од 31. коло од Премиер лигата.
Во центарот на вниманието беше мечот на „Олд Трафорд“ помеѓу Манчестер Јунајтед и Шефилд Јунајтед во кој домашната екипа победи со 3:0.
Поточно во центарот на вниманието беше еден човек – Антони Марсијал. Французинот ги постигна сите три гола за својот тим и со тоа стана првиот играч на клубот по седум години кој постигна хет-трик во Премиер лигата.
Благодарение на тоа, „црвените ѓаволи“ останаа во трката за Лигата на шампионите затоа што сега имаат 49 бода, што е за два помалку од Челзи, кој е на четвртото место. Шефилд остана на 8. позиција на табелата со 44 поени.
Во другите натпревари беа постигнати следниве резултати:
Њукасл – Астон Вила 1:1
Норвич – Евертон 0:1
Волци – Борнмут 1:0
До крајот на денот во Премиер лигата ќе гледаме уште еден натпревар, оној што започнува во 21:15 часот каде ќе се сретнат Ливерпул и Кристал Палас.