Фудбал
Натпреварот од ЛШ прекинат поради расизам. Л’Екип: Ќе се игра во среда во 18:55 часот
Натпреварот од 6. коло во Лигата на шампионите помеѓу ПСЖ и истанбулски Башакшехир беше прекинат во првото полувреме откако четвртиот судија го нарече гостинскиот тренер црнец. Наскоро играчите на двата тима го напуштија теренот, а натпреварот ќе се игра во среда.
Романскиот судија Себастијан Колтеску го нарече помошникот тренер на Башакшехир, Камерунецот Пјер Вебо, „црнец“, по што започна расправија. Вебо доби и црвен картон.
Демба Ба, поранешна ѕвезда на Премиерлигата, кој го започна натпреварот на клупата на Башакшехир, стана и започна расправија со судијата, прашувајќи го зошто го нарекуваше црнец (негро на романски јазик) затоа што никогаш не би рекол „белец“ за бел човек.
Демба Ба потоа ги однесе своите соиграчи во соблекувалната, по што следеа парижаните.
„Нашиот помошник тренер Пјер Вебо беше жртва на расизам, но тој е исклучен“, беше последната објава на официјалниот профил на турскиот клуб на Твитер пред прекинот. Башакшехир тогаш ги поддржа своите играчи со едноставна објава на официјалниот профил.
✊?✊? NO TO RACISM | #Respect pic.twitter.com/Ic1BzfANoi
— İstanbul Başakşehir (@ibfk2014) December 8, 2020
Судијата Колтеску требаше да биде заменет со судијата на ВАР, Марко Ди Бело, но Турците одбија да се вратат ако Колеску за возврат ја преземе улогата на судија на ВАР. Раководството на турскиот сојуз, исто така, наводно учествувало во преговорите.
Ситуацијата ја следеше и турскиот претседател Реџеп Таип Едгоган, кој на Твитер го осуди однесувањето на судијата и ја повика УЕФА да го санкционира.
„Јас силно го осудувам расистичкиот излив против Пјер Веб, член на штабот на Башакшехир. Верувам дека УЕФА ќе ги преземе потребните мерки. Ние сме безусловно против расизмот во спортот и сите други сфери на животот“, рече Ердоган во изјавата.
Temsilcimiz Başakşehir’in teknik ekibinden Pierre Webo'ya karşı sarf edilen ırkçı sözleri şiddetle kınıyor, UEFA tarafından gereken adımların atılacağına inanıyorum.
Sporda ve hayatın tüm alanlarında ırkçılığa ve ayrımcılığa kayıtsız şartsız karşıyız. #Notoracism
— Recep Tayyip Erdoğan (@RTErdogan) December 8, 2020
Според последните информации од Париз, Демба Ба и капитенот на ПСЖ, Маркињос се договориле сите играчи да се вратат и да ја продолжат играта, но неколку играчи на Башакшехир не беа подготвени за тоа, па сè беше одложено за среда во 18:55 часот.
Башакшехир веќе ја загуби шансата да го избегне последното место во групата, додека ПСЖ се бори за осминафинале со РБ Лајпциг и Манчестер Јунајтед.