Connect with us

Фудбал

Натпреварот Вардар-Шкупи ќе биде одигран на стадионот во Ѓорче Петров

Екипите на Вардар и ФК Шкупи ќе го одиграат првиот 1/8 финален натпревар од Купот на Македонија во четврток. Поради потребата да се сочува теренот на Националната Арена „Филип Втори“, овој меч ќе биде одигран на стадионот во Ѓорче Петров со почеток во 13 часот.

Останатите екипи утре ќе ги одиграат своите први четвртфинални пресметки, со оглед дека Вардар има натпревари во Лигата на Европа, ќе мора да ги игра овие мечеви во овој термин. Реваншот натпреварите се играат на 17 декември.