Кошарка
Наваро е толку добар играч што и лутиот ривал му оддава почит
Кошаркарскиот клуб на Реал Мадрид има човечност да препознае и објави неколку работи за еден од своите најголеми ривали во последните 20 години во Лига Ендеса.
Хуан Карлос Наваро најави заминување во пензија по скоро две децении поминати во Барселона.
За каков мајстор се работи, најдобро сведочи фактот дека признание му даде и лутиот ривал од Мадрид, а тоа не се случува толку често, Барса и Реал да посветат неколку зборови за играч на противничкиот тим.
„Што се однесува до пензионирањето на Хуан Карлос Наваро, Реам Мадрид сака да изрази признание на еден од најдобрите шпански кошаркари. Беше голема чест да се натпреваруваме против него и му посакуваме среќа во иднина“, гласеше пораката на Реал.
Во изминативе неколку сезони Наваро како капитен ја предводеше Барса против Реал.