Connect with us

Фудбал

Навивачите на Арсенал изнервирани по изјавата на агентот на Герет Бејл

Герет Бејл долго време се поврзува со заминување од Реал Мадрид, а посебно тоа е случај ова лето, затоа што Бејл во минатата сезона не играше толку колку што очекуваше.

Откако постигна два гола во финалето на Лигата на шампионите, Бејл по завршување на дуелот за новинарите кажа дека треба добро да размисли за својата иднина, а неговиот агент сега открива дека неговиот трансфер во Арсенал е еднаков на чудо.

„Како навивач на Арсенал, би сакал да го видам во тој клуб, но морам да кажам дека шансите за тоа се еднакви на шансите јас да одам на месечината“ кажа Џонатан Барнет во разговор за „Sky Sport“.

„Мислам дека прво мораме да разговараме со претседателот на Реал Мадрид, па ќе видиме што ќе правиме. Тој сакаат да има подобра година од онаа која ја имаше минатата година. Сака да игра повеќе. Мислам дека тој е помеѓу трите или четирите најдобри фудбалери на светот. Некој како него мора да игра, не е работата само во парите“, кажа Барнет и продолжи:

„Тој сака да ја освои Златната топка, и мислам дека е способен за тоа. Мислам дека тој гол во финалето од Лигата на шампионите додатно ги заинтересира останатите клубови за неговите услуги, но веќе од претходно знаеме колку е добар. Тоа веќе не мора да го докажува. Тоа беше неверојатен гол и тајмингот исто така беше одличен“.