Фудбал
Навивачите на Барселона само зборуваат за новата изјава на Меси
Заминувањето на Лионел Меси летото зад нас во редовите на францускиот великан ПСЖ го шокираше целиот свет.
Меси одлучи да ја напушти Барселона, за што многу навивачи на каталонскиот клуб се уште жалат.
Се надеваат дека Аргентинецот некогаш ќе се врати, а истата желба ја има и самиот.
Тој зборуваше за новиот предизвик за шпанска „Марка“, но исто така се наврати на периодот од Барселона и случувањата во летото зад нас.
Ми рекоа дека не можам да го обновам договорот и дека не можам да останам“, изјави Меси.
Тој тврди дека еден ден ќе се врати во Барселона.
„Таму ќе живеам, тоа е мојот дом. Ако можам да му помогнам на клубот, со задоволство би се вратил“.
Тој истакнува дека во Париз брзо се адаптирал, а децата брзо учат француски.
Меси за каталонскиот гигант настапи на 778 натпревари и постигна нереални 672 гола.