Connect with us

Фудбал

Навивачите на Барселона само зборуваат за новата изјава на Меси

Заминувањето на Лионел Меси летото зад нас во редовите на францускиот великан ПСЖ го шокираше целиот свет.

Меси одлучи да ја напушти Барселона, за што многу навивачи на каталонскиот клуб се уште жалат.

Се надеваат дека Аргентинецот некогаш ќе се врати, а истата желба ја има и самиот.

Тој зборуваше за новиот предизвик за шпанска „Марка“, но исто така се наврати на периодот од Барселона и случувањата во летото зад нас.

Ми рекоа дека не можам да го обновам договорот и дека не можам да останам“, изјави Меси.

Тој тврди дека еден ден ќе се врати во Барселона.

„Таму ќе живеам, тоа е мојот дом. Ако можам да му помогнам на клубот, со задоволство би се вратил“.

Тој истакнува дека во Париз брзо се адаптирал, а децата брзо учат француски.

Меси за каталонскиот гигант настапи на 778 натпревари и постигна нереални 672 гола.

Реклама

Facebook

Реклама